Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026 пред десетина дена во Скопје, а сега одново влегуваат во „судир“ за нов трофеј – шампионскиот.
Во договор со националниот сервис, кој ќе врши директен пренос на финалните натпревари, серијата „подобар од пет“ ќе се „движи“ во термините понеделник и четврток.
Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ 2026 и во финалето влегува со амбиција за обединување на круните, додека ГОК Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј од осамостојувањето на Македонија.
ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
1.НАТПРЕВАР (16.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)
2.НАТПРЕВАР (20.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)
3.НАТПРЕВАР (23.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)
4.НАТПРЕВАР (27.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)
5.НАТПРЕВАР (30.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)






