вторник, 15 јули 2025

МЗТ Скопје лесно го среди ТФТ и по 12. пат стана шампион на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје не дозволија нов пораз од ТФТ, денеска со убедливи 77-53 славеа во „Кале“ и со 3-1 во партии ја добија финалната серија по што можеше да почне славјето за шампионската титула.

Објавено на

часот

Сподели

МЗТ Скопје ионака беше фаворит на овој натпревар, а таквата улога дополнително им се зголеми по повредата на најдобриот кошаркар на ТФТ, Браун кој ги скина лигаментите во финишот од минатиот меч.

Денеска МЗТ Скопје уште во првата четвртина наговести дека ова е мечот на кој ќе ја освојат титулата. Првите 10 минути ги добија со 23-11, а потоа само ја зголемуваа предност до конечни 77-53.

Војдан Стојановски со 17 поени беше најефикасен, Едвин реализираше 15. Кај ТФТ Кристевски и Зафиров постигнаа по 11.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ