недела, 15 февруари 2026

МЗТ Скопје го одбрани трофејот од Купот во „жешкото“ Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит и со убедливи 96-70 го победија Куманово на негов терен во финалето од Купот на Македонија и го одбранија трофејот.

Објавено на

часот

Сподели

Атмосферата во кумановската сала беше навистина жешка, домаќините имаа огромна поддршка од публиката, но таа не можеше да им даде и квалитет за да се носат со МЗТ Скопје.

Разликата во класи беше очигледна, па МЗТ Скопје во ниту еден момент не му даде надеж на Куманово дека може да направи чудо.

Рамноправно беше само во текот на првата четвртина во која при крајот сепак МЗТ Скопје се одлепи и ја доби со 26-19. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме, на одморот гостинот од Скопје замина со водство од 48-33.

До крајот на мечот МЗТ Скопје постојано ја зголемуваше предноста до конечни 96-70.

Смит со 23 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје, Гил постигна 17. Кај Куманово, Ѓуроски, Луковиќ и Митевски реализираа по 13.

За МЗТ Скопје ова беше 14. трофеј во Купот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ