недела, 14 декември 2025

МВР: Тепачот на малолетните фудбалери е приведен

Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со соопштение за инцидентот кој денеска се случи во Штип кога родител на дете на Шкупи нападна малолетни фудбалери на Брегалница.

Објавено на

часот

Сподели

Двете деца кои биле нападнати завршиле во болница, а лицето кое ги нападнало е приведено од полицијата.

„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди.

Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ