Мусети ги доби првите два сета со 6-4 и 6-3, Ѓоковиќ беше тој кој имаше проблеми со повреди на стапалата и се чинеше дека ако некој не го доигра мечот до крај, тоа ќе биде тој.

Но, во третиот сет при водство на Ѓоковиќ од 3-1, Мусети заработи повреда на бутниот мускул и не можеше да продолжи, немаше друга опција освен да го предаде мечот.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Синер и Шелтон.
Во другото полуфинале играат Алкараз и Зверев.






