вторник, 16 декември 2025
Еден повик на „Зум“ бил доволен

Мурињо веќе си нашол нов клуб, Португалецот се сели во Саудиска Арабија

Медиумите од Саудиска Арабија пренесуваат дека Жозе Мурињо прифатил да биде нов тренер на Ал Шабаб, еден повик на „Зум“ бил доволен за Португалецот да каже ДА.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо во вторникот доби отказ од Рома, но ако се точни последните информации, тој нема долго време да биде без работа.

Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека „специјалниот“ се сложил да биде нов тренер на Ал Шабаб.

Еден повик на „Зум“ со спортскиот директор Доменико Тите бил доволен за Португалецот да каже ДА.

Се шпекулира дека покрај огромната плата, на Жозе Мурињо му биле ветени и големи засилувања со кои Ал Шабаб ќе може да са надигрува со клубовите од големата четворка во Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ