недела, 22 март 2026

Мурињо заплака пред меч за свој долгогодишен соработник (ВИДЕО)

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, не ги сокри емоциите пред почетокот на натпреварот против Виторија Гимараеш во португалското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Португалскиот стратег се расплака за време на минутата молк, која беше посветена на неговиот поранешен долгогодишен соработник Силвино Лоуро. Двајцата соработуваа цели 18 години, од 2000 до 2018 година.

Лоуро беше тренер на голмани во сите клубови во кои работеше Мурињо во тој период, меѓу кои Порто, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер. Заедно освоија 23 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони, три титули во Премиер лигата, Лига Европа и Купот на УЕФА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ