недела, 7 декември 2025
Уште еднаш покажа зошто е почитуван и ценет на „Стемфорд Бриџ“

Мурињо во топла прегратка со прес офицерката на Челси, која цели 48 години е дел од клубот (ВИДЕО)

Жозе Мурињо уште еднаш покажа зошто е почитуван и ценет на „Стемфорд Бриџ“, стратегот лично се поздрави со сите новинари кои ги познава, и на крајот со топла прегратка ја поздрави прес офицерката на Челси, која цели 48 години е дел од клубот.

Објавено на

часот

Сподели

„Специјалниот“ оваа недела се врати во Лондон за пресметката помеѓу Бенфика и „неговиот“ Челси.

И тој уште еднаш покажа зошто е почитуван и ценет на „Стемфорд Бриџ“.

На крајот од прес конференцијата, Жозе Мурињо стана и лично се поздрави со сите новинари кои ги познава од времето поминато во престолнината на Англија.

На крајот се случи и еден емотивен момент, Португалецот имаше топла прегратка со прес офицерката на „сините“, Тереса Конили, која цели 48 години е дел од клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ