понеделник, 19 мај 2025

Мурињо во свој стил: Фрлам паричка за да го одредам стартниот состав (ВИДЕО)

Жозе Мурињо приреди ново шоу на прес-конференција на Фенербахче, тој со сарказам им одговори новинарите кои го прашуваа за составот.

Објавено на

часот

Сподели

Фенербахче вчера со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Башакшехир, а по мечот Мурињо беше запрашан зошто често го ротира составот и како одлучува кои ќе бидат стартери.

„Имам 25 парички, ги фрлам паричките во воздух, тие кои ќе останат на масата се фудбалерите кои ќе играат, тие што ќе паднат на подот одат на клупа. Така определувам. За време на неделата се забавувам, одам по клубови секој ден во Истанбул насекаде и после кога ќе треба да го одберам тимот ги фрлам паричките со лицата на фудбалерите и 11 кое ќе останат на масата играат, другите одат на клупа. Едноставно е“, рече Мурињо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ