Жозе Мурињо се врати во својата земја, се врати во клубот каде што ја почна тренерската кариера, во Бенфика.
„Бенфика со задоволство може да информира дека е постигнат договор со тренерот Мурињо за нов тренер, договорот е до крајот на сезоната 2026/27“, стои во соопштението на клубот.
Од таму додаваат дека во договорот има опција која трае до 10 дена по последниот меч од сезоната 2025/26, Бенфика или Мурињо да одлучат да не ја продолжат соработката за сезоната 2025/26.
🦅 Bem-vindo, José Mourinho!
— SL Benfica (@SLBenfica) September 18, 2025






