недела, 7 декември 2025

Мурињо оставил долг од 757 илјади евра во хотел во Истанбул

Турските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо не ја платил сметката од хотелот во кој престојувал во Истанбул додека бил тренер на Фенербахче, оставил долгот да го подмири клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Кон крајот на август Мурињо беше отпуштен од Фенербахче и за тоа доби отштета од 15 милиони евра.

Додека работеше во турскиот клуб, Португалецот живееше во еден од најлуксузните хотели во Истанбул, „Фор сизнс“, сместен на Босфорскиот канал кој ги дели европскиот и азискиот континент.

Престојот на Мурињо во хотелот изнесувал 36,5 милиони турски лири, што е околу 757 илјади евра. Мурињо лично не ја платил сметката, па тоа веројатно ќе треба да го направи клубот.

Фото: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ