сабота, 28 март 2026

Мурињо: Не ми треба Роналдо во Фенербахче

Во изминатиот период се појавија гласини дека Жозе Мурињо го исконтактирал Кристијано Роналдо со цел да го донесе во Фенербахче, но нема вистина во таквите информации.

Објавено на

часот

Сподели

Мурињо претходно негираше дека има интерес за Роналдо, а сега уште еднаш ја отфрли можноста да го донесе.

„Кристијано Роналдо нема да дојде во Фенербахче. Имам три добри напаѓачи и не ми треба уште еден“, вели Мурињо.

„Кристијано секогаш ќе биде Кристијано, но не ми треба бидејќи сум задоволен од моите напаѓачи“.

Тројцата напаѓачи за кои зборува Мурињо се Един Џеко, Јусуф Ен Несири и Ченк Тосун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ