Димитриевски мора да замине од Валенсија доколку сака да брани, а како опција сега се појавува и Фенербахче.
Досега се шпекулираше за трансфер на македонскиот голман во шпански клубови, но Морето тврди дека и Фенербахче е во игра.
Од Фенербахче би требало да си замине Доминик Ливаковиќ кој го загуби стартното место, прв голман на Фенер е Ирфан Чан Егрибајат, но и тој не импсресионира. Имаше просечен меч на првиот дуел со Феенорд во квалификациите од Лигата на шампионите.






