„Жозе Мурињо сака да се врати како тренер на Челси и подготвен е веднаш да го преземе тимот доколку го побараат. Челси е неговата вистинска љубов, ама се чини дека чувството не е взаемно бидејќи клубот сака модерен тренер“, пишуваат англиските медиуми.
Мурињо беше тренер на „сините“ во две етапи. Првиот пат го водеше клубот од 2004 година и беше еден од клучните фактори за кревањето на клубот до шампионските патеки пред да замине во 2007. Вторпат Португалецот се врати на клупата во 2013 година и беше тренер во следните две.
Вкупно со Челси има три трофеи во Премиер лигата, еден во ФА Купот, три во Лига купот и еден во Комјунити Шилд.






