петок, 6 јуни 2025

Мукаетов: Се надевам дека одлуката на ЕХФ ќе биде според нивните правилници

Наместо ракометен спектакл, вчера се случи скандал во режија на гостите од АЕК, генералниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов утринава се обрати на јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Мукаетов изрази благодарност до навивачите кои дојдоа во салата „Борис Трајковски“, нагласи дека организацијата била според барањата на надлежните и се надева дека ЕХФ ќе донесе одлука според правилниците.

„Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во ‘Борис Трајковски’ да го бодрите Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување. И клубот и прекрасната публика синоќа. Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, напиша Мукаетов.

Алкалоид го победи АЕК среде Атина со 29-25 и вчера беше огромен фаворит за освојување на Европскиот куп, но ракометарите на грчкиот тим одбија да го играат мечот бидејќи нивните фанови не се појавија на трибините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ