сабота, 12 јули 2025

Мукаетов: Многумина не веруваа, но стигнавме на врвот

Ракометниот клуб Алкалоид од денеска и официјално е освојувач на трофејот од Европскиот куп откако ЕХФ одлучи неодиграниот меч со АЕК да се регистрира службено за македонскиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

На социјалните мрежи се огласи и првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов кој им се заблагодари на сите кои се дел од проектот и на некаков начин дале придонес за историскиот успех.

„Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет.

Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!

А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата. Искрени честитки и од срце ОГРОМНО благодарам на Кире Лазаров кој и официјално стана прв македонски тренер во историјата на македонскиот ракомет кој освоил Европски трофеј.

Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи – докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа!

За крај, и над сѐ, благодарност од СРЦЕ на прекрасната публика: вработените во Aлкалоид прекрасните кафетинки
подмладокот од Алкалоид и Мулти Есенс – кои безрезервно ги бодреа своите идоли, како и непоправливите ‘ентузијасти’ кои верно нѐ следат на секој натпревар.Поздрав од плаво-белите од Автокоманда!

Одиме понатаму

Со верба во себе и верба во Бога!
НАПРЕД АЛКАЛОИД!!“, напиша Муакетов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ