сабота, 14 јуни 2025

Мукаетов им посака среќа на ракометарите на Алкалоид кои тргнаа за Атина

Ракометарите на Алкалоид тргнаа кон Атина каде во недела ќе ја почнат финалната пресметка од Европскиот куп против АЕК.

Објавено на

часот

Сподели

РК Алкалоид денеска го одржа последниот тренинг во Скопје, по што замина во Грција.

На тренингот беше присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, г. Живко Мукаетов, кој го поздрави тимот, а на играчите им посака среќа и успех и им порача дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје. Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех.

Првиот натпревар од финалниот двомеч ќе се игра во недела со почеток од 18:00 часот во Атина, а директен ТВ пренос ќе има на МРТВ.

Реваншот е седум дена подоцна во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ