Отказот бил подготвен пред овој дуел, само бил врачен откако завршил натпреварот кој Фламенго го доби преубедливо.
Според бразилските медиуми, причини за отказот се поразот во Суперкупот на Бразил и КОНМЕБОЛ Рекопа финалето.
Отказот на Луис му бил врачен веднаш по прес-конференцијата по вчерашниот натпреварот.
„Фламенго информира дека Филипе Луис веќе не е тренер на првиот тим. Клубот му заблагодарува на поранешниот фудбалер и тренер Филип Луис за се што направи додека беше во Фламенго. Му посакуваме успех во професионалната кариера“, соопштеи Фламенго.
Филипе Луис со Фламенго имаше фантастични перформанси во 2025 година, освои Копа Либертадорес, бразилско првенство, Куп на Бразил…






