вторник, 23 декември 2025
Бурна реакција по изборот на Гоце Седлоски за нов селектор

Мрме „распали“ по ФФМ: Несериозен пристап, важни ви се само личните интереси

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски бурно реагираше на социјалните мрежи по одлуката на ФФМ да го именува Гоце Седлоски за нов предводник на националниот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската федерација на Македонија попладнево го промовираше Гоце Седлоски за селектор, тренерот на Вардар е избран за наследник на Благоја Милевски, и ќе се обиде да ги однесе „црвено-жолтите“ на Светско првенство преку баражот во март месец.

Одлуката очигледно не му се допадна на Игор Ангеловски, па поранешниот селектор бурно реагираше на социјалните мрежи и ја обвини ФФМ за несериозен пристап.

„Селекторот Гоце Седлоски ни риба ни девојка!“ – почна во својата објава популарниот Мрме.

„Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО, најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седлоски за клучните натпревари за пласман на Светското првенство кој преставува НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ!“

„Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!“

„При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се „регулираат парите во оптек““

„Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да ви бидат задоволени“.

„Ваков скандал колеги „мои“ кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате, ве молам да не ми се јавувате!“

„Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци! Зошто дозволувате да бидете пандан за д кој се кријат „фудбалски стаорци““.

„После се што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца, кој се одржуваше во исто време кога беше промоцијата на новиот селектор, и тоа од моите колеги кои беа во огромен број, е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став“.

„Ако еден зборува, тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат, тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш“.

„Македонскиот фудбал ова не го заслужува!“

На крајот во својот пост, Игор Ангеловски потсети дека Македонија со него на кормилото го постигна најголемиот успех – пласман на Европско првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ