Популарните „црни-мачки“ минатиот месец обезбедија промоција во Премиерлигата и веднаш го соборија сопствениот трансфер рекорд, одвоија 20 милиони фунти за во целост да го купат Енцо Ла Фе од Рома.
Во краток период, Сандерленд по втор пат ќе го собори рекордот, голем број на извори пренесуваат дека е договорен трансфер на Хабиб Диара од Стразбур.
Зделката се проценува на околу 30 милиони фунти, и 21 годишниот Сенегалец ќе биде замена за Џоб Белингем, кој за слична сума се пресели во Борусија Дортмунд.
ФОТО: X/Racing Club de Strasbourg Alsace