четврток, 5 февруари 2026

Моќно деби на Бензема, хет-трик во првиот меч за Ал Хилал (ВИДЕО)

Карим Бензема уште во првиот натпревар за Ал Хилал покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Инзаги, новата авантура ја почна со три гола.

Објавено на

часот

Сподели

Ал Хилал со убедливи 6-0 победи на гостувањето кај Ал Окхдод, а првите три гола беа дело на Бензема.

Французинот првиот гол го даде во 31. минута кога погоди со пета.

Во 60. минута зголеми на 2-0, а хет-трикот го комплетираше четири минути подоцна кога донесе водство од 3-0.

Останатите голови беа дело на Малком и Ал Давсари кој даде два погодоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ