среда, 10 декември 2025

Моќна партија на Србија на стартот на Евробаскетот, Јокиќ со дабл-дабл учинок

Репрезентацијата на Србија го започна настапот на Европското првенство во кошарка со моќна партија и убедлива победа од 98-64 против Естонија.

Објавено на

часот

Сподели

Србија е главен фаворит за златото на Евробаскетот и избраниците на Пешиќ уште на стартот покажаа зошто се претенденти за шампионскиот трофеј.

Вечерва нашиот северен сосед со моќна партија стигна до убедлива победа од 98-64 против Естонија.

Србија имаше +20 веќе на крајот од првата четвртина (32-12), а на пауза заминаа со предност од 56-29.

Во продолжението од мечот, предноста во неколку наврати одеше и на +40, за конечниот резултат да гласи 98-64.

Никола Јовиќ беше прв стрелец со 18 поени, од кои дури 12 даде во првата четвртина.

Никола Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 11 поени и 10 скокови, му фалеа уште три асистенции за да стигне до трипл-дабл.

ФОТО: X/FIBA EuroBasket

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ