вторник, 20 мај 2025

Моќна партија на Јокиќ, Гордон со кош во последните секунди донесе голема победа за Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше маестрална партија во првиот меч против Оклахома, а дуелот го реши неговиот соиграч Арон Гордон кој во последните секунди погоди тројка и донесе победа од 121-119.

Објавено на

часот

Сподели

Оклахома влезе како сериозен фаворит во овој меч, тие беа најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, но веќе во првиот натпревар ја загубија предноста на домашен терен која ја имаа.

Мечот влезе во драматична завршница со слободни фрлања. Оклахома при водство од 119-118 промаши две слободни фрлања преку Чет Холмгрен. Денвер тргна во брз напад, а Гордон погоди тројка на нецели три секунди до крајот за 121-119, што беше и конечен резултат на мечот.

Никола Јокиќ беше брилијантен, постигна 42 поени, имаше и 22 скокови и шест асистенции, Гордон мечот го заврши со 22 поени и 14 скокови, а Мареј постигна 21 поен. Најдобар кај Оклахома беше Гилџус Александер со 33 поени и 10 скокови.

Резултати:

Бостон – Њујорк 105-108 (0-1)
Оклахома – Денвер 119-121 (0-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ