вторник, 29 јули 2025

Модриќ потпиша со Милан на 1+1 година, позната неговата плата и бројот кој ќе го добие

Милан вечерва и официјално го потврди трансферот на Лука Модриќ, фудбалерот стави потпис на договор до јуни 2026 година, со опција соработката да биде продолжена за додатни 12 месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Модриќ на крајот од кариерата ќе си оствари еден детски сон, ќе го облече „црвено-црниот“ дрес на Милан.

„Милан со задоволство може да соопшти дека Лука Модриќ стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2026, со опција соработката да биде продолжена до 30. јуни 2027 година“ – гласеше известувањето на клубот од Сан Сиро.

Рафаел Леао нема да му ја отстапи 10-ката, па Хрватот реши да го одбере дресот со бројот 14.

За авантурата во Милано тој ќе добие годишна плата од околу 3,5 милиони евра по сезона.

ФОТО: X/AC Milan

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ