Хрватскиот репрезентативец, најголемата слава ја стекна во дресот на Реал Мадрид и освои бројни трофеи, во кариерата настапуваше и за Тотенхем и Динамо Загреб, а сега е дел од Милан. Сепак, и покрај сè што постигна, Модриќ вели дека никогаш не се чувствувал како нешто посебно или над другите.Капитенот на Хрватска откри дека во некој поинаков животен пат, веројатно би работел далеку од очите на јавноста.„Сакам едноставни работи. Нормален семеен живот, секојдневие и мали радости. Никогаш немав чувство дека сум над другите. Да не бев фудбалер, мислам дека ќе бев келнер. Бев добар во тоа и навистина уживав. Завршив угостителско училиште. Уште во првата година имавме пракса во ресторанот „Марина“ во Задар, каде често се организираа свадби. Единственото што не сакав беше миењето садови“, изјави Модриќ.Модриќ иако веќе е во петтата деценија од животот тој игра на високо ниво за Милан. Досега во Серија А има 16 настапи, еден погодок и две асистенции, потврдувајќи дека и понатаму има што да понуди на врвно ниво.
Модриќ откри: Ако не играв фудбал, ќе бев келнер
Еден од најдобрите играчи за врска во светот во последните две децении, Лука Модриќ, откри како би изгледал неговиот живот доколку никогаш не станел професионален фудбалер.

Фото: ЕПА
Објавено на
часот





