Лука Модриќ си бара нов клуб откако Реал Мадрид одби да му даде нов едногодишен договор.
Интер Мајами на Лео Меси и Ал Наср на Кристијано Роналдо се посочуваат како дел од опциите, но се верува дека Хрватот сака да остане во Европа со цел да одигра уште една сезона на врвно ниво пред Светското првенство во 2026.
Последните информации велат дека Милан тропнал на вратата на Лука Модриќ, фудбалерот е по мерка на новиот спортскиот тренер Игли Таре и тренерот Макс Алегри.
„Росонерите“ не можат да му понудат настап во Европа, но ќе играат на емотивната карта – добро познато е дека Лука Модриќ како дете навивал за Милан, каде неговиот идол Звонимир Бобан блескаше на теренот.
Пред неколку години, самиот Звонимир Бобан го потврди ова: „Модриќ е прав „миланиста“.Од дете навива за клубот и имаше огромна желба да игра тука, но никогаш немало сериозен и конкретен интерес“.
Па Лука Модриќ на скоро 40 години ќе има можност да си го оствари детскиот сон и во „црвено-црниот“ дрес да заигра на Сан Сиро.
ФОТО: X/Real Madrid