Лука Модриќ ги одработува последните месеци од договорот со Реал Мадрид и како одминува времето се чини дека ова ќе биде неговата последна сезона во дресот на „кралевите“.
Како што пренесува АС, Хрватот ќе добие нов договор, но тој ќе биде на само две недели.
Ваквото продолжување на соработката ќе биде поради новото Светско клупско првенство за Лука Модриќ да може да настапи на турнирот во САД од 15. јуни до 13. јули.
АС додава дека во моментов мали се шансите фудбалерот од средниот ред да добие договор до 30. јуни 2026 и да одигра уште една сезона на „Бернабеу“.
Многу коцки ќе треба да се поклопат, Лука Модриќ ќе треба да прифати помала плата како и тоа дека ќе биде во втор, па дури и во трет план.