понеделник, 21 јули 2025

Модриќ го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид, следува преселба во Милан

По 13 години во белиот дрес на Реал Мадрид, Лука Модриќ синоќа се збогува со кралскиот клуб, мечот против ПСЖ беше последен за него, во наредните денови треба да го официјализира преминот во Милан.

Објавено на

часот

Сподели

Модриќ сигурно сакаше да се збогува со подобар резултат, но вчерашниот дебакл на Реал Мадрид нема да го избрше она што тој го оствари со кралскиот клуб.

Хрватскиот фудбалер во Реал Мадрид пристигна во 2012 година, а оттогаш освои шест трофеи во Лигата на шампионите, четирипати беше шампион на Шпанија, ги освои и сите други трофеи кои можеше да ги освои.

Модриќ од Реал Мадрид си заминува како една од најголемите легенди во историјата на клубот.

Се очекува во наредните денови да биде презентиран како ново засилување за Милан. Работата за овој ангажман е завршена, Хрватот има потпишано едногодишен договор, се чека само официјална потврда од росонерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ