Битолскиот тим почна со водство од 2-0 со два гола на Хаџиќ, но потоа мечот комплетно отиде на страната на Барселона која ја стартуваше својата доминација на теренот.
Уште во првото полувреме беше решен победникот, по првите 30 минути Барселона водеше со 26-14.
Каталонскиот тим не запре во вториот дел и покрај големата предност, напротив, до врв ја наполни мрежата на Пелистер за конечени 55-28.
Најефикасен кај македонскиот претставник беше Алем Хаџиќ со десет погодоци, шест постигна Јован Симонвски. За Барселона дваајца ракометари постигнаа двоцифрен број на голови Коладо Карион 11 и Мартин Дукуе десет.
Ќе потсетиме, Пелистер во вчерашното полуфинале загуби од ГОГ Гудме со 36-21.