Натпреварот требаше да се одигра вчера во рамките од второто коло на Светското првенство, но беше регистриран со службени 20-0 за Израел откако Јорданците се решија да го бојкотираат мечот поради воените дејствија на Израелците.
„Во име на Израелската кошаркарска федерација, изразувам жалење за таквата одлука, бидејќи верувам дека спортот не е политичка арена, туку мост меѓу различните култури и нации. Уверен сум дека во иднина нема да има повеќе пречки за играње вакви натпревари“, рече претседателот на Кошаркарска федерација на Израел, Амос Фришман.
Јордан не доби бод за поразот поради бојкотирање на натпреварот. Двете селекции претходно ги одиграа своите први натпревари на Светското првенство. Израел ја победи Швајцарија со 102-77, додека Јордан загуби од Доминиканска Република со 69-79.
Фото: FIBA