недела, 14 декември 2025

Младите фудбалери на Луксембург имале сообраќајка во Франција

Фудбалската репрезентација на Луксембург до 21 година имала сообраќајна несреќа пред натпреварот против Франција во рамките од квалификациите за ЕП 2027, мечот е одложен.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавија од Луксембург во несреќата петмина фудбалери заработиле повреди и биле хоспитализирани. За среќа станувало збор за полесни повреди и во болница биле пренесени повеќе превентивно.

Наводно, инцидентот се случил откако на возачот на автобусот ненадејно му се слошило и изгубил контрола. Натпреварот веќе има нов термин и ќе биде оодигран на 23 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ