Возачот на Мерцедес кој минатата година ја доби својата возачка дозвола за автомобили во текот на минатата седмица доби и нов „ѕвер“. Станува збор за возило од марката Мерцедес, модел АМГ Ц63 Про кој вреди околу 200.000 евра.
Сепак, неколку денови подоцна Антонели успеа да се судри со новиот автомобил. Иако постојат најави дека тој возел со 180 километри на час во зона каде што е дозволено да се вози со 70, тоа не е официјално потврдено.
Антонели во еден момент загубил контрола и при излез од автопатот се удрил во заштитниот ѕид. Потоа Италијанецот сам повикал полиција. Оваа случка нема да ги смени неговите планови, бидејќи тој патува кон Бахреин за првите претсезонски тестирања во Формула 1.
La Mercedes di Kimi Antonelli incidentata a San Marino nella notte tra sabato e domenica. https://t.co/DxU37QZmZw pic.twitter.com/s41Q4wzEG8
— 𝑬 𝑵 𝑮 𝑨 𝑵 𝑪 𝑯 𝑬 (@cuadrodecruijff) February 10, 2026






