четврток, 5 февруари 2026

Младинските кошаркарски репрезентации ги дознаа противниците за Европските првенства

Три македонски машки кошаркарски селекции и една женска, денеска беа дел од ждрепката во Фрајзинг за престојните младински Европски првенства.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската репрезентација до 16 години која ќе биде и домаќин на ЕП „Б“ дивизија кое ќе се игра од 5 до 15 август, ќе биде дел од групата Б во која се уште и Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд и Кипар.

Репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе биде дел од Европското првенство „Б“ дивизија кое од 24 јули до 2 август ќе се игра во Хрватска, односно во Ријека и Опатија. Нашата селекција е во групата Д заедно со Шведска, Унгарија, БиХ и Грузија.

Селекцијата под 20 години ќе игра на ЕП „Б“ дивизија во Братислава од 10 до 19 јули. Се паднавме во групата А заедно со селекциите на Шведска, Ирска, Словачка и Азербејџан.

Нашата женска репрезентација до 18 години ќе игра на ЕП „Б“ дивизија во романскиот град Тулчеа од 31 јули до 9 август. Ждрепката не однесе во групата Д заедно со репрезентациите на Грција, Словачка, Велика Британија и Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ