среда, 4 февруари 2026

Младински репрезентативец на Македонија потпиша со Динамо Загреб

Александар Грашески стави потпис на прв договор со Динамо Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

17-годишниот македонски фудбалер кој настапува во офанзивата потпиша прв стипендиски договор со хрватскиот гигант. Момчето кое од летото настапува за екипата на Динамо Загреб У19 се наметна и успеа да ја исполни целта, па доби договор.

Се работи за младински репрезентативец на Македонија со настапи за сите селекции и моментално е дел од У18 тимот.

Кариерата на Грашески тргна во младинската школа на Вардар, а потоа преку Њу Старс следуваше трансфер во Хрватска. Во февруари 2025 година Грашески се пресели во редовите на Максимир, па летово дојде повик од Динамо Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ