четврток, 29 мај 2025

Младинците на Пелистер го добија противникот за Ф4 турнирот од ЛШ во Келн

Денеска беше извршена ждребката за полуфиналните натпревари од младинскиот завршен турнир во ракометната Лига на шампионите каде што ќе игра и Пелистер.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистерци направија огромен успех и ќе играат на младинскиот фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите кој исто како и за сениорите се одржува во Келн.

ГОГ Гудме од данска е противникот на Пелистер во полуфиналето. Ова може да се окарактеризира како добра ждрепка за биточани бидејќи во другото полуфинале играат Барселона и Веспрем.

Фајнл-фор турнирот во Ланксес арената во Келн ќе се одржи на 14 и 15 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ