Младинците на битолскиот тим не успеаја втора година во низа да се пласираат на „фајнал-фор“ турнирот во младинското елитно натпреварување. Откако вчера го елиминираа дански Алборг, сега на патот на пелистерци им застана германски Фуксе.
Бундеслигашот се наметна уште од стартот, па уште на полувреме го реши прашањето на победникот бидејќи водеше со 10-28. До крајот Германците уште поубедливо го добија мечот за пласман на завршниот турнир.
Во ланското прво издание на младинската Лига на шампиони екипата на Еурофарм Пелистер се пласира со победи над Киелце и Динамо Букурешт, но потоа беше елиминиран од ГОГ Гудме во полуфиналето, а во „малото“ финале загуби од Барселона.






