Овие мечеви се дел од подготовките на селекцијата за настап на Светското првенство за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во Катовице.
Македонија на овој Мундијал е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија.
Пех за Македонија е што на овој турнир ќе настапи без повредените Самоил Ристовски и Дамјан Митев.
Од Ракометната федерација на Македонија изразија гордост и поддршка за младите надежи, кои во Полска ќе имаат можност да ги потврдат амбициите и формата пред најголемиот младински ракометен настан во годината.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
18 јуни 2025, 14:00 часот – Македонија – Фарски Острови
19 јуни 2025, 14:00 часот – Македонија – Романија
21 јуни 2025, 14:00 часот – Исланд – Македонија