Асенсио заедно со уште тројца поранешни соиграчи од младинскиот погон на Реал Мадрид, Феран Руиз, Андрес Гарсија и Хуан Родригез, може да заработат затворска казна и до пет години.
Веќе подолго време во Шпанија се води истрага за случајот со секс снимката во која тројцата имаат секс со девојки од 18 и 16 години.
За разлика од осанатите тројца, Асенсио не бил дел од снимките, но тој е обвинет за дистрибуција на видеото меѓу своите соиграчи.
Судијата во својот исказ истакнал дека постојат доволно докази кои покажуваат дека имало кршење на приватноста, дистрибуција на снимка на трети лица без знаење и согласност на жртвата, учество во детска порнографија.
Станува збор за снимка која била направена во 2023 година.