среда, 18 февруари 2026

МКФ ги одреди термините и саатниците за завршницата во Купот кај дамите

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција ќе се реализира на 21 и 22 февруари, во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонака Каменица.

Објавено на

часот

Сподели

Во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директни преноси од натпреварите, одредени се и сатнините за одигрување на натпреварите од „Фајнал-фор“ турнирот во Македонска Каменица.

На првиот натпреварувачки ден, 21. февруари (сабота), ќе се одиграат полуфиналните натпревари.

Програмата стартува од 15. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на МЗТ Бела вода и домаќинот на турнирот – екипата на Баскет кам 2011.

Од 17.30 часот, следува вториот полуфинален натпревар во кој ќе играат екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

На 22. февруари (недела), ќе се игра и финалниот натпревар. со почеток од 18. часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ