Пелистер заврши на шестото место на табелата, но очекувањата на навивачите беа уште поголеми, па многу често нивното незадоволство беше насочено кон раководните структури.
Стојковски заминува, а од наредната сезона Пелистер ќе има нов претседател кој можеби ќе донесе поуспешни ветришта во фудбалска Битола.
„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.
Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, рече претседателот Митко Стојковски.