четврток, 15 јануари 2026

Митев: Данска си е Данска, овие играчи до вчера ни биле идоли – а сега ќе играме против нив

Македонските ракометари целосно се насочени кон првиот натпревар на Европското првенство против домаќинот Данска.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од најмладите во тимот и дебитант на континенталните натпреварувања Дамјан Митев со епитети зборуваше за првиот ривал на Македонија. Тој нагласи дека Данците до вчера биле идоли, а в петок ќе бидат противници.

Данска си е Данска, сите ја знаеме и нема што да се зборува за нив. Одиме максимално фокусирани на Португалија и Романија. Треба да се подготвиме на највисоко ниво, да одиграме како што треба. Во Данска знаеме сите кои играчи настапуваат за репрезентацијата. Тоа се играчи кои до вчера ти биле идоли, а сега треба да играш против нив, чувството е феноментално. Мора да дадеме максимум, ова е Европско првенство. Нема чување бидејќи секогаш е чест да се игра за Македонија“, изјави Митев.

Во борбата за втората фаза на шампионатот Македонија ќе се бори против Данска, Португалија и Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ