Македонија треба да ја победи Романија, Португалија да загуби од Данска. Тие две работи се многу реални, но она што е најтешко е да анулираме гол разлика од 18 голови.
Во првото коло ние загубивме од Данска со 12 разлика, а Португалија ја победи Романија со шест разлика. Ние имаме -12, тие имаат +6.
Во последното коло ние ќе целиме на колку што е можно поубедлива победа над Романија, а притоа да се надеваме и дека Данска ќе ја демолира Португалија.
Најголемата веројатност е дека на крајот ние и Португалија ќе имаме ист број на бодови, а понатаму ќе оди селекцијата со подобра гол разлика.
Мечот на нашата репрезентација со Романија се игра во вторник од 18 часот, а Данска и Португалија почнуваат од 20:30. После нашата средба ќе знаеме Данците со колку голови ќе треба да ги победат Португалците за ние да одиме понатаму.






