Миркуловски: Потешко е да гледаш од страна и да не можеш да помогнеш

Ракометната репрезентација на Македонија се насочува кон стартот на Европското првенство и натпреварот против Данска.

часот

По последниот тест против дански Мидтјиланд, свое обраќање имаше Филип Миркуловски. Поранешниот репрезентативец сега е во поинаква улога, како спортски директор, па направи споредба на двете.

Последната проверка пред Европското првенство беше успешна, ракометарите се покажаа во вистинско светло пред стартот на шампионатот и победија. Ова му послужи на селекторот Лазаров да ги тестира тактичките замисли за турнирот. Сепак, играме во група со Данска, Португалија и Романија исклучително тешка група. Ние сме тука да ги изненадиме големите ривали. Сите знаат која е Данска, важи за голем фаворит на целото ЕП. Ќе се насочиме да го дадеме максимумот, нема да калкулираме, а потоа да дадеме сè и во следните два меча. Секогаш е чест да се биде дел од делегацијата на Македонија во каква-било улога. Сум бил како играч, а сега сум и во поинаква улога тука. Веројатно ми е потешко да гледам од страна, не можам да помогнам директно на теренот. Сепак, правам се за да помогнам надвор од него. Момците се исклучитлено талентирани, имаат доста искуство иако сме млада репрезентација. Тие имаат повеќе од пет-шест турнири зад себе, иако имаат по 25-6 години. Сметам дека оваа репрезентација може само да расте и да постигнува успеси“, изјави Миркуловски.

Првиот натпревар меѓу Данска и Македонија се игра в петок во терминот од 20:30 часот во Хернинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ