петок, 12 декември 2025

Миовски се повреди, нејасно е колку ќе паузира

Тренерот на Ренџерс, Дени Рел објави дека Миовски добил удар, а клубот дополнително ќе утврди за колку тешка повреда станува збор.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот напаѓач влезе во серија со погодоци, вчера постигна еден прекрасен гол на гостувањето кај Ференцварош.

Но, во вториот дел требаше да биде заменет поради повреда која по деталните тестови ќе треба да се утврди дали е тешка.

„Бојан доби удар, но можно е да станува збор за нешто потешко. Се надевам дека не е таков случај, но мора да го разгледаме правилно. Ни требаат сите во добра форма за она што следи“, рече Рел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ