Бојан Миовски изминатиов викенд беше двоен стрелец и го предводеше Ренџерс до триумф на гостувањето кај Килмарнок.
Македонецот вечерва повторно ја тресеше противничката мрежа, овој пат на гостувањето кај Ференцварош во Лига Европа.
Во 27. минута од мечот, напаѓачот одлично се снајде и атрактивно со ножички погоди за 0-1.
What a finish miovski cooking finally 🇬🇧 pic.twitter.com/Ya2ExYJoxd
— Declan 🏄🏻♂️ (@declan_19) December 11, 2025
Сепак, овој гол не беше доволен за поволен резултат, домаќините до крајот на првиот дел изедначија на 1-1, а во второто полувреме направија комплетен пресврт и стигнаа до победа од 2-1.






