Изминатиов период Бојан Миовски добиваше критики од сите страни, па напаѓачот беше приморан да ги исклучи социјалните мрежи.
Македонецот сега на терен им одговори на сите и со два гола го предводеше Ренџерс до триумф од 0-3 на гостувањето кај Килмарнок.
Се играше 33. минута кога Бојан Миовски одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, и од место прецизно биеше по земја покрај стативата за водство од 0-1.
Miovski and Curtis combining, 1-0 🙂↕️ 🇬🇧 pic.twitter.com/H7SpfovKVr
— Declan 🏄🏻♂️ (@declan_19) December 6, 2025
По десет минути игра во вториот дел, Македонецот повторно стапи на сцена, доби убава топка од Раскин, се намести и реализираше за 0-2.
Конечниот резултат го постави нововлезениот Мур, кој погоди за 0-3 во 81. минута.






