недела, 7 декември 2025

Миовски ќе добие нов тренер, легендарниот Џерард е пред враќање во Ренџерс

Трпението заврши, Глазгов Ренџерс се раздели со тренерот Расел Мартин по вчерашното реми на гостувањето кај Фалкрик, се шпекулира дека Стивен Џерард ќе биде новиот шеф на стручниот штаб.

Објавено на

часот

Сподели

По седум одиграни кола во најдобрата шкотска лига, Ренџерс има само една победа, дури пет нерешени средби и еден пораз. Има и два загубени меча во Европа.

Чашата ја прели вчерашното реми на гостувањето кај Фалкрик каде Ренџерс одигра 1-1.

„Ренџерс може да потврди дека се раздели со главниот тренер Расел Мартин“, се вели во клупското соопштение.

Заедно со него заминува и целиот струшен штаб. Клубот наскоро ќе нанзачи нов тренер.

Шкотските медиуми пишуваат дека веќе се почнати преговори со Стивен Џерард за негово враќање на клупата на Ренџерс.

Џерард беше менаџер на Ренџерс во периодот од 2018 до 2021 година и во последната сезона ја освои титулата во шкотската Премиер лига без ниеден пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ