Македонскиот репрезентативец досега запиша 15 настапи во сите натпреварувања, постигна два гола и запиша една асистенција, но тие бројки не го убедиле стручниот штаб дека може да биде прва опција во нападот.
Името на новото засилување не се открива, но најавите од Шкотска велат дека клубот веќе работи на избор на напаѓач кој би ја засилил конкуренцијата во продолжението на сезоната.
Миовски во Ренџерс пристигна ова лето, откако клубот плати 4.2 милиони фунти за неговиот трансфер од Жирона. Сега го очекува уште поголема борба за место во тимот со оглед на најавеното засилување.






