понеделник, 7 јули 2025

Миовски ја напушта Жирона, можно е враќање во Шкотска каде има три опции

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски, во наредната сезона ќе има нов клуб, тој не задоволи во Жирона и овој клуб ќе се ослободи од него, најзагреани за потписот на Македонецот се шкотските екипи.

Објавено на

часот

Сподели

Последно е дека Селтик се вклучува во трката за Миовски и планира да одвои шест милиони фунти за ангажман на напаѓачот.

Неодамна Миовски се поврзуваше со Глазгов Ренџерс, а ситуацијата ја следи и неговиот поранешен клуб, Абердин кој сака да го врати доколку им се отвори шанса за тоа.

Миовски во Жирона не одигра многу, даде само четири гола на 25 натпревари. Дел од сезоната беше повреден, а во финишот не добиваше шанса од тренерот.

Екипите од Шкотска добро го познаваат Миовски каде уште се свежи неговите игри за Абердин за кој даде 44 голови на 98 натпревари.

Нејасно е каде Миовски ќе ја продолжи кариерата, но сигурно е дека тоа нема да биде во Жирона.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ