недела, 14 декември 2025
Македонецот се враќа во Шкотска, но сега ќе настапва за еден од великаните

Миовски е засилувањето број 11 ова лето за Ренџерс: Огромен клуб со неверојатна историја

Глазгов Ренџерс попладнево го потврди трансферот на Бојан Миовски, Македонецот вели дека не се мислел кога ја добил понудата и со нетрпение чека да игра пред навивачите на „Ајброкс“.

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски по една година во Жирона се враќа во Шкотска, но Македонецот сега ќе настапува за еден од великаните – Глазгов Ренџерс.

„Задоволни сме што може да го соопштиме трансферот на Бојан Миовски од Жирона. Напаѓачот стави потпис на четиригодишен договор и ќе биде засилувањето број 11 ова лето“ – се вели во соопштението.

За преселбата на „Ајброкс“, Бојан Миовски вели: „Возбуден сум што го одбрав Ренџерс за следниот чекор во кариерата. Ова е огромен клуб со неверојатна историја и чест е да се биде дел од оваа приказна“.

„Моментов кога дознав за интересот, знаев дека мора да се преселам тука. Со нетрпение чекам да почнам да ги запознаат моите соиграчи и да играм пред овие одлични навивачи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ